Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, денеска го има својот прв работен ден како тренер во младинската академија на клубот. Тој одлучи да ја заврши богатата кариера и да почне со учење на тренерскиот занает, пренесувајќи им го своето искуство и фудбалско знаење на младите фудбалери од академијата на Ливерпул.ж
– Среќен сум. Со нетрпение го чекав овој ден и морам да признам дека имав и позитивна трема. Ќе се трудам максимално да им го пренесам своето искуство на младите фудбалери. Горд сум што повторно се вратив дома – изјави Стиви Џи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.