За првите 50 пријавени деца, тренинзите во првиот месец ќе им бидат бесплатни во Академијата на ФК Вардар.
Целата информација во најтрофејниот фудбалски колектив во Република Македонија ви ја пренесуваме во целост.
„Време е на уписи, а ние одлучивме да ги направиме уште поинтересни! И покрај големиот интерес за Фудбалската Академија на Вардар во текот на летото, идните фудбалери сакаме да ги израдуваме и почетокот во Вардар да им биде позабавен – за првите 50 пријавени деца, тренинзите во првиот месец ќе им бидат бесплатни. Среќни денови за посреќни деца!
На младите играчи им е потребна слобода во изразувањето за да се разликуваат како креативни фудбалери. Нив треба да ги охрабриме и поттикнеме да пробуваат вештини без страв од неуспех. Според ова се води нашиот тим во Академијата.
Запишете го Вашето дете во одлично организираната Фудбалска Академија на Вардар, прилагодена за деца на возраст од 6 до 14 години! Уписите се во тек и ќе траат до 31-ви август. Информирајте се на телефонот 02/3130-712.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Грчката академија на науките и уметностите поддржува решение на името со промена на Уставот
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија