| четврток, 6 декември 2018 |

Академијата на ФК Вардар иден лидер во создавањето на нови фудбалски надежи (ФОТО)

По повод големиот христијански празник Велигден, ФК Вардар на најмладите во Македонија им подарува Фудбалска академија со највисоки светски стандарди.

vardar-6-640x450

Фудбалската академија ФК Вардар, е институција за развој на млади фудбалски индивидуи кои директно треба да влијаат на фудбалската иднина во Македонија. Работата е организирана според стандардите на еминентните клубови кои се натпреваруваат во Лигата на шампионите – која исто така е цел и план на ФК Вардар. Овој проект е од суштествено значење за националните интереси на Р. Македонија поради фактот што секое детенце кое е член на Фудбалската академија Вардар е 100% потенцијал да стане македонски репрезентативец.

2vardar-7-640x450

Социјалниот аспект од реализацијата на овој капитален објект е директниот инпут кон развој на спортот и здрави спортски навики кон младите, а исто така овој проект е директна бариера на младите од актуелните пороци на 21-ви век кои се застапени насекаде на светот па и во Република Македонија.
3vardar-6-640x450

Голема чест ни е да Ве информираме, дека институција од овој тип е изградена за прв пат во историјата на Република Македонија и ќе биде локален и регионален лидер во креирањето на нови фудбалски надежи. Од компаративен аспект би сакале да потенцираме дека најблиску во регионот академија од ваков тип има фудбалскиот клуб Партизан, кој реално продуцира фудбалски таленти и е дел од еминентните фудбалски натпреварувања како Лигата на Европа и групната фаза на Лигата на шампиони.
4vardar-5-640x450

-Објектот е проектиран од Балкан Груп Констракшн. Се работи за модерен дизајн во елипсовидна форма, согласно со просторот и во насока на визуелна адаптација со Националната Арена Филип Втори. Фудбалската академија ФК Вардар е со површина од 1152m2 во кој се сместени 6 соблекувални за децата и тренерите, простор за видео презентации, администатиен простор и други помошни простории. Сите останати простории се опремени централна вентилација со греење и ладење, како и со подно греење. Обезбедени се 50-тина паркинг места, за потребите на објектот. Објектот е осветлен со лед светилки, кои навечер даваат посебен ефект и амбиент. Во екстериерот и ентериерот на објектот доминираат црвената и црната боја и амблемите како симбол на ФК Вардар, изјави Марио Кофилоски директор на Фудбалската академија ФК Вардар на денешната презентација на овој објект кој е од есенцијална важност за развојот на фудбалот како спорт во Македонија.

6vardar-1-640x450
Денес во ФК Вардар професионално тренираат околу 500 млади деца, додека дел од фудбалската академијата се вкупно 1000 дечиња. Со реализацијата на оваа институција поттикнавме голем интерес кај јавноста и го подигнавме нивото на репутација од аспект на високи стандарди во едукација и напредок на фудбалери од најмладите категории како стартна основа за изградба на идни врвни поединци од светски калибар.

1vardar-7-640x450

“Терените се со вештачка трева поради можноста тренинзите да се одвиваат во разни временски услови. Сите услови што ги нуди академијата се одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг. Слободно можам да кажам дека академијата на ФК Вардар ги исполнува сите услови за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови. “ – изјави Павел Неделковски координатор на детската школа ФК Вардар.

8vardar-640x450

9vardar-640x450

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top