Денеска е Сретение, а според народното верување, мечките можат да предвидат дали на зимата ќе и го видиме грбот, или ќе потрае.
Мечката Гордана од белградската зоолошка градина излегла од својата пештера и не се вратила внатре, што значи дека зимата нема да потрае.
Да ја видела својата сенка и да се вратела внатре, тоа би значело дека зимата ќе потрае уште шест недели.
Народот вели дека од Сретение деновите стануватт подолги, а ноќите пократки, па се вели „Сретение-свртение“.
Слични верувања и претскажувања постојат ширум светот. Медиумите најголемо внимание посветуваат на американскиот Ден на мрмутот, кој се одбележува на 2 февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.