Полицијата во Иркутск, Сибир, започнала истрага откако локален ловец тврдел дека мечка му ги украла двете пушки, соопштила прес-службата од Министерството за внатрешни работи.
– Според ловецот, на 16 ноември тој ловел далеку од населено место и решил да остане во шумска колиба. Во еден момент отишол по вода, а кога се вратил, чул необични звуци и видел мечка, но не сакал да го налути животното, па се скрил во шумата каде што останал неколку часови. Кога се вратил, неговата торба со две пушки ја немало – стоело во полициското соопштение.
Ловецот неколку денови ги барал своите пушки низ тајгата, но не ги нашол. Тогаш ја известил полицијата за „грабежот“. Тој се соочува со парична казна, а може да добие и едногодишна забрана да поседува и да користи оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.