| четврток, 6 декември 2018 |

Се обидел да направи селфи со мечка, па настрадал

Враќајќи се од венчавка, Индиецот Прабу Батара „налетал“ на повредена мечка и се обидел да направи селфи со него, но животното го нападнало и го убило.

„Индепендент“ пишува дека присутните упорно го убедувале човекот да не се обидува да се фотогафира со него. Но, Батара и пришол на мечката која веднаш го нападнала. Еден пес се обидел да го спаси Батара, но не успеал да ја уплаши мечката.

Чуварот на паркот во кој мажот настрадал изјавил дека Барата загинал веднаш.

Како што пишува „Индепендент“, Индија има најмногу забележани смртни случаи поврзани со селфи фотографирања во период од март 2014 до септември 2016 година.

Повеќе од 60 отсто од смртните случаи во светот поврзани со селфи се случиле во оваа земја.

Селфи со мечки станаа многу популарен тренд во САД во 2014 година и американската шумска служба морала да ги предупредува луѓето да не приближуваат на животните.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top