Критериумите се погрешни. Некое вчера формирано друштво добило повеќе пари од едно друштво кое што 70 години е на врвот на фолклорот во Македонија и во светот, изјави Благоја Јовановски, директорот на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во емисијата Отворено на 24 Телевизија на која се разговараше за доделените пари во програмата на Министерството за култура за 2018 година.
Тој потенцираше дека едно културно уметничко друштво како Мирче Ацев кое што на светски фестивали добива врвни, светски награди со 50.000 денари треба да направи се за да ја зачува македонската традиција и македонскиот фолклор кои што со децении се создавал во нашата земја како и да се одржат македонските носии и везови и истите да се претстават како еден подвижен музеј ширум светот.
– Не можам да кажам дека сме задоволни од овие пари затоа што програмата која ние ја негуваме е професионална програма и 90% е пренесена од Националниот ансамбл Танец. Се гордеам со тоа што ја одржуваме таа програма и одиме во светот да ја презентираме таа програма со овие минимални средства. Ние освојуваме први награди во светот, носиме тука златни медали и не кажуваме дека успех е од 157-мо место сме се симнале на 153-то туку за нас се што е од трето место надолу е неуспех, рече Јовановски
Според него срамно е друштво како Мирче Ацев кои го негува македонскиот фолклор да добие само 50.000 денари кое покрај негувањето на македонскиот фолклор сои тоа што едуцира и околу 300 младинци делува практично како едно школо.
– Оваа година се надевавме дека секој ќе добие по заслуги, не се добило така, не знам комисијата како работела и по кои критериуми, меѓутоа сметам дека критериумите се испуштени, вели Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците