| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Босанци се подготвуваат за џихад

Медиумите во Босна и Херцеговина вчера објавија видеоснимка поставена на сервисот „Лајв лик“ (Live Leak), на која е снимена вооружена група од БиХ што наводно се подготвува да замине на сирискиот фронт.

Снимките, како што е наведено, на редакцијата на сараевски „Дневни аваз“ ѝ ги испратил читател, пишува „Блиц“.

На видеото се појавуваат девет мажи вооружени со автоматско оружје, кои пеат и извикуваат „Алах акбар“. Тие, како што се вели во описот на тој запис, ќе им се приклучат на бунтовниците во сирискиот град Хама.

Во Сирија пристигнуваат војници од многу муслимански земји, а според информациите на полициските агенции, од БиХ во Сирија имаат отидено 52 мажи, од кои 32 се вратиле, а 20 останале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top