| четврток, 6 декември 2018 |

Нема смисла децата да знаат математика, а да не знаат за џихадот

Членот на Комисијата за образование во турскиот Парламент и пратеник од владеачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Хамди Чамли изјави дека „нема смисла да се предава математика на ученици коишто не знаат што е тоа џихад

Членот на Комисијата за образование во турскиот Парламент и пратеник од владеачката Партија на правдата и развојот, Ахмет Хамди Чамли изјави дека „нема смисла да се предава математика на ученици коишто не знаат што е тоа џихад (исламската света војна)”, пишува „Хуриет дејли њуз”.

Чамли тоа го изјави додека говореше за плановите за вклучување на концептот за џихадот во новиот турски образовен план.

– Џихадот е најзначајниот елемент во исламот. Џихадот доаѓа пред молитвата. Кога ќе погледнеме кон османлиските султани, речиси сите тие не оделе ниту на „хаџ” (поклонение, аџилак), за да не го запостават џихадот, додаде Чамли.

Идниот образовен план на Турција ја исклучува од учебниците теоријата за еволуцијата, но го додава концептот за џихадот како дел од исламското право, соопшти претходно министерот за образование на Турција, Исмет Јилмаз, што предизвика остри дискусии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top