Хуманитарната организација „Посавина без мини“ од Брчко добила информација дека корисници на играта Покемон гоу во БИХ влегуваат на ризични мински површини за да најдат покемони.
-Ги молиме граѓаните да не го прават тоа и да ги почитуваат поставените знаци за опасност од мини и да не влегуваат на подрачја кои им се непознати, објавила организацијата на Фејсбук.
Играта Покемон гоу функционира така што со помош на геолокација на мобилниот телефон се прикажува мапа по која оди играчот сѐ додека не се појави некој покемон. Тогаш играта се префрла во виртуелна стравтност, на екранот се гледа реален простор во кој се наоѓа играчот, а покемонот може да биде во грмушка покрај патот, во фонтана, на улица… во минско поле…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.