| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Босанци ќе се скараат во Австрија: Извадил лопата од багажник и му го демолирал „Бе-ем-ве“то

Расправијата на двајца Босанци во австрискиот град Леоберсдорф, завршила демолирање на автомобил од марката „Бе-ем-ве“.  Човекот кој го снимал овој настан е и учесник во расправијата.

Мажот со капата некое време им одолева на провокациите, а потоа го отвора багажникот, вади лопата и го уништува автомобилот.

Не е јасно дали тука станува збор за одмазда, расправа или обложување, но едно е очигледно: штетата на автомобилот е таква што ќе бидат потребни многу пари за поправка.

Снимката се појавила на Фејсбук и за 20 часа ја погледнале повеќе од 200.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top