| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте: Снежно невреме на планините, има превртени автомобили

Порталот „Метеомакс“ синоќа излезе со предупредување до граѓаните доколку се во можност да ги откажат патувањата поради силни врнежи од снег.

-Почитувани граѓани под влијание на силен циклон од Медитеранот на планините и скијачките центри во државава веќе владее вистинско снежно невреме а поради северниот ветер можна е појава на снежни наноси.

Интензивни снежни врнежи има на скијачките центри Попова Шапка и Маврово како и на планинскиот превој Стража каде поради снегот има и забрана за движење на тешки товарни возила.

Исто така на патот за Маврово забележана е и сообраќајна несреќа во која поради лизгавиот коловоз е превртен автомобил при што три лица се повредени.

Интензивните снежни врнежи ќе продолжат и натаму па така на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, вели метерологот Славчо Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top