| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е најмоќен, кој е најубав, а кој е најсексапилен хороскопски знак?

Најмоќниот хороскопски знак

Можеби ќе се изненадите, но тоа е хороскопскиот знак Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат.

Најсексапилниот знак

Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има многу додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија.

Најпосветениот знак

Тоа е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот.

Најопасниот знак

Ова веројатно нема да ве изненади – тоа е Скорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Скорпијата прави мудри планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија.

Најубавиот знак

Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност.

Најсреќниот знак

Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е таква – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали.

Најсемејниот знак

Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа.

Најкомуникативниот знак

Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни, Вагите се неприкосновени. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар.

Најмистериозниот знак

Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш.

Најпретставителниот знак

Тоа е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец.

Знакот кој никогаш нема да го заборавите

Секако, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да му одолее ниту пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Лавот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш…

Најекстравагантниот знак

Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Имаат неверојатно чувство за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top