| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се заедничките карактеристики на секоја жена според хороскопскиот знак?

Вагите се паметни, софистицирани и многу духовити жени. Раковите се родени да бидат визионери и водачи, а жените Водолии се неумоорни во своите амбиции и многу упорни.

Овен

Жените родени во овој знак ги краси сила и контрола. Тие се родени водачи и свесни се за моќта која ја имаат, но ја користат внимателно и дискретно. Многу добро се свесни за последиците од своите постапки и ретко својата сила ја наметнуваат на другите. Ги водат другите со своот пример, а кога се под напон светот ги гледа си стравопочит.

Бик

Овие жени ги краси силата, волјата и каракерот. Тврдоглави се и ги бранат своите ставови. По природа се грижливи и им помагаат на луѓето околу нив. Малку се жените кои можат да сакаат длабоко и безусловно како нив. Кога се борат, светот застанува, а кога сакаат светот им се восхитува.

Близнаци

Жените родени во овој знак се креатори и мислители. Преполни се со идеи и способни се да рзмислуваат надвор од рамките. Не само што се снаодливи, туку имаат и доволно идеи за да ги ускладат своите мечти со способностите. Тие никогаш не доминираат, но не затоа што се слаби, туку затоа што се свесни колкава сила имаат и ја користат внимателно. Кога ќе ги разоткријат своите идеи, светот е воодушевен од нивните мисли.

Рак

Се работи за жени кои се енигма за повеќето луѓе, малку се оние кои ги разбираат. Тоа што се одвива во нивните глави од една страна може да биде страшно и опасно, а од друга страна нежно и великудушно. Способни се да го чуваат својот живот во тајност и многу се лојални. Кога сакаат, тогаш нивната страст доаѓа до израз, а кога мразат – тоа е многу изразено. Доколку се обидувате да погодите што се врти во нивните мисли, вашиот неуспех може да биде спектакуларен.

Лав

Тоа се жени родени да бидат визионери и водачи. Многу се мотивирни и никогаш не застануваат – се додека не стигнат до посакуваната цел. Познати се по тоа што знаат да поставуваат нови стандарди на кои се угледуваат и другите, а нивната изведба никогаш не е ништо помалку од одлична. Способни се да ги водат луѓето до успехот и да бидат милосрдни во случај на неуспех. Тие се соршена мешавина на кавалитет и скромност, а нивниот карактер е грациозен, што им се допаѓа на многумина.

Девица

Жените родени во овој знак ги красат многу позитивни особини. Тие секогаш ќе се одлучат за вистинската работа, отколку за полесната. Помагаат, полни се со љубов и љубезни се по природа – тие поседуваат ангелска душа. Тие можат да се почувствуваат скршено, повредено па дури и изгубено, но секогаш ќе се борат да се вратат во нормала. Имаат срце од злато, а ако крварат, тоа е поради губењето на други личности. Тие се прекрасни луѓе.

Вага

Тие се паметни, софистицирани и духовити жени. Имаат неверојатна смисла за хумор, која исто така е доказ за високиот степен на интелигенција кој го поседуваат. Во животот секогаш се обидуваат да одржат рамнотежа и цврсто се држат до своите емоции. Најчесто имаат високо ниво на самосвест која им обезбедува точно да знаат што сакаат во животот – тоа е нешто по што се разликуваат од другите луѓе.

Шкорпија

Тие се остри, внимателни и секогаш свесни за своите квалитети. Никогаш не лажат, а толку се искрени што понекогаш ги повредуваат другите. Кога ќе ги запознаете не може да не ви се допаднат поради нивната искреност. Тие се вистински љубовници и не може секој да се носи со нивниот карактер, тоа мора д биде некоја посебна личност.

Стрелец

Жените родени во овој знак се емоционални волшебниччки. Многу се чувствителни и знаат длабоко да ги разберат емоциите. Многу се емпатични и лесно можат да се стават во кожата на другиот заа да го разберат. Сепак, тие своите емоции ги покажуваат на мал број луѓе. Доколку ве пуштат во својот живот, значи дека сте посебни.

Јарец

Тие се независни жени, самосвесни и промислени. Тие немаат никакви илузии за себе. Ја познаваат својата сила и своите слабости, многу добро знаат што можат да очекуваат од животот. Нивната внатрешна убавина ги воодушевуа и инспирира другите. Тие добро ја познаваат својата душа и кога ви зборуваат треба внимателно да ги слушате.

Водолија

Овие жени се борци и сонувачи. Неуморни се во своите амбиции и вистинско уживање е да ги гледате во акција, како совршен ги комбинираат желбите и потезите. Знаат да бидат немилосрдни, многу мотивирани и амбициозни. Со задоволство би го менувале светот и би оставиле трага во историјата.

Риби

Жените родени во овој знак се фонтана преполна со љубов, чесност и великодушност. Тие како да се изградени само од љубов. Чувствителни се и емотивни, но ги чуваат своите чувства за себе и не ги покажуваат никому. И кога се борат или плачат, нема да покажат дека се повредени. Наместо тоа, ќе се обидат да ги залечат туѓите рани и да и помогнат да се издигнат со својата љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top