| четврток, 6 декември 2018 |

Кој хороскопски знак ќе биде најсреќен денеска?

Овен
На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците.Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

Бик
Околината ве повредува. Тоа е причина за крајниот негативен став, кој овие денови ве обзема. Доколку се дистанцирате, постои шанса да го ублажите незадоволството. Материјалната загуба негативно ви влијае на мотивацијата. Чувствувате дека сите ве изневериле, особено соработниците.

Близнаци
Се’ е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Стрелците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се’ уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

Рак
Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување.Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и почнете со вежбање.

Лав
Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

Девица
Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања.Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

Терезија
Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата.Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

Скорпија
Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни.Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата. Очекувате среќна вест во врска со нешто што ви значи, најверојатно ќе ја добиете.

Стрелец
Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате. Ќе слушнете среќна вест.

Јарец
Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден.Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

Водолија
Обидете се да работите повеќе, некако во последно време се обидувате да се извлечете од работата. Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

Риби
Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат.На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top