| четврток, 6 декември 2018 |

Што вели хороскопот: Кој знак е најдобар во кревет?

Шкорпиите имаат магнетна привлечност и тешко ќе им одолеете. Но, пред да им потклекнете, мора да ги знаете овие пет работи!

Имаат неверојатно либидо

Ако сте родени помеѓу 23 октомври и 21 ноември, без оглед на тоа на која возраст сте и од кој пол, имате либидо на просечно 15-годишно момче. Ако сте во врска со Шкорпија, знајте дека тој/таа може секогаш и секаде!

Опирањето е залудно

Шкорпиите се како магнет, а ако некој во овој знак ве посака во својот кревет, нема шанси да се извлечете. А, кога еднаш ќе го пробате, постојано ќе се враќате.

Шкорпијата не можете да ја шокирате

Ако некогаш сте имале секс со некој во знакот Шкорпија, знаете дека не само што се согласуваат на секој предлог, туку со задоволство споделуваат и свои, и тоа прилично невообичаени.

Не очекувајте секс за една вечер

Иако за Шкорпиите кружи мит дека не сакаат ништо повеќе од еднократен секс, тоа е далеку од вистината. Треба да знаете дека, доколку со нив сакате секс за една вечер, тој аранжман никогаш нема да успее бидејќи Шкорпијата со тек на време станува опседната со желбата да ве контролира и никако нема да ги толерира вашите излети на страна, дури и ако почетниот договор бил таков.

Ќе биде најдобриот во вашиот живот

Шкорпиите се чудни и нападни, но има една работа поради која сите ги трпат – тие се одлични во кревет! Токму затоа што се толку опседнати со сексот, станале одлични во тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top