| четврток, 6 декември 2018 |

Елеонора Запрова: Креативните индустрии се инспирација за нови партнерства

Предавачи од мали земји, кои се позитивни примери за поддршка и развој на креативните индустрии –  Малта, Естонија и Словенија – ги презентираа нивните позитивни искуства пред претставници од македонски локални и национални институции во рамките на Форумот кој се одржа во Музејот на македонската борба во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Британскиот совет. Директорката на Британскиот совет во Македонија Елеонора Запрова рече дека тие ќе бидат основа и инспирација за креирање на политиките за креативни индустрии во Македонија.

-Сакаме денешниот настан да биде инспирација за нови партнерства во сферата на креативните индустрии во Македонија, но и пошироко. Сигурна сум дека присуството на нашите гости и долгогодишни соработници ќе бидат инспирација за тоа што може мала земја како Македонија да направи во областа на креативните индустрии за да ја претвори креативноста во економски потенцијал и да овозможи отворање нови работни места, рече Запрова на отворањето на форумот. Таа соопшти дека Британскиот совет годинава ќе организира и интензивни обуки за креативно претприемаштво наменети за претприемачи од областа на дизајнот и информатичката технологија.

Џон Њубигин, претседавач на „Креативна Англија“,се осврна на предноста на малите земји во снаоѓањето во новата економија. Тој е и стратегиски консултант за креативни индустрии во  Велика Британија која во изминатите 20 години е лидер во овој сектор. Њубигин потенцираше дека и малите земји со својата креативност може да бидат компетитивни зашто нивните економии побрзо се движат и полесно се адаптираат.

8209F94EE71A6268AB7EA72F7739E122

Форумот ќе продолжи утре кога гостите ќе работат со локални претставници од културниот и деловниот сектор во работни групи и ќе  споделат согледувања и предлози за натамошно унапредување на креативните индустрии во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top