Германската канцеларка Ангела Меркел во април ќе допатува во Македонија.
Во рамките на првиот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, на кој домаќин е токму Македонија, се очекува да присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.
Од Кабинетот на Меркел пристигнала потврда дека ќе присуствува нивни претставник, но не е потврдено точно кој.
Високи владини претставници деновиве брифираат дека кон крајот на преговорите за решавање на спорот со Грција се очекува да се вклучи и некој тешкаш од меѓународната заедница за да помогне во окончување на проблемот, но немаме потврда дали станува збор за Ангела Меркел и дали евентуалната нејзина посета на Македонија, освен соИТ-самитот е поттикната и од потребата за олеснување на преговарачката мисија за името.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.