| четврток, 6 декември 2018 |

Косовец со дрон ги снимал зградите „Џевахир“, интервенирала и полицијата

Четириесет и четири годишниот Б.Т. кој е директор на обезбедувањето во Џеваир холдинг, вчера попладне пријавил дека околу 15 часот во кругот на Џеваир холдинг патничко возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки се доближило до една од зградите.

-Од возилото излегло непознато лице кое извадило дрон и почнало да ги снима објектите. Притоа, реагирал вработен во обезбедувањето, а лицето на англиски јазик му возвратило дека сакало да го испроба дронот. Тој бил предупреден дека такво нешто не е дозволено во кругот на „Џеваир Холдинг“, по што го земал дронот и го напуштил местото на настанот – информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top