| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од дрон покажува колку е Мексико Сити уништен по земјотресот

Најмалку 226 лица загинале во силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер, кој ги погодил централните делови на Мексико, соопштила денес агенцијата за цивилна заштита.

Повеќе  од илјада луѓе во паника излегле на улиците кога вчера земјотрес го погодил Мексико, на денот кога пред 32 години илјадници луѓе настрадале во разорното тресење на земјиштето во таа држава.

Спасувачите и натаму трагаат по луѓето затрупани под урнатините, а во Мексико Сити досега биле извлечени 50 до 60 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top