| четврток, 6 декември 2018 |

Амазон со нов патент: Дрон кој сам се уништува во итни ситуации

Едно од главните прашања кога станува збор за дроновите кои служат за достава е што би се случило ако нешто тргне на лошо во текот на доставата, а компанијата Амазон има свое решение.

Amazon оваа недела патентираше дрон кој се распаѓа во итни, односно опасни ситуации.

Станува збор за патент кој се однесува на директна фрагментација на беспилотните летала во итни ситуации.

Во документите стои дека во случај на катастрофален дефект, како што е експлозија на батеријата, контрола врз дронот презема „контролер за фрагментација“.

Компјутерот бргу би можел да го анализира движењето на дронот, временските услови и теренот во негово окружување, пред да се активира „секвенца за фрaгментација“, за потoа дронот полека да започне да се распаѓа во воздухот.

Ова звучи загрижувачки поради безбедносни причини, но, јасно е дека дронот секако ќе падне, па подобро е на површината да заврши во мали парчиња, отколку комплетен.

Илустрација од дукментите за патентот покажуваат како дронот се распаѓа во лет, а потоа удира во дрво.

Меѓутоа, како што е и случај со секој патент, не мора да значи дека Амазон навистина ќе ги произведе овие дронови, туку постои опција само да ги истражуваат можностите за ваков концепт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top