Во рамките на одблележувањето на Прешерновиот ден, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје,на осми февруари во 19,30 часот ќе биде промовирана поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ од Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. Книгата е објавена на словенечки и македонски јазик во препев на Викторија Блажевска и Соња Должан. За најновото дело на авторот ќе говори проф.д-р Весна Мојсова Чепишевска.
-Сите песни на Милан Јазбец извираат од една љубов. А, таа љубов може да се сфати како љубов кон саканата, кон предците и потомците, кон татковината, констатира Раде Силјан во предговорот на изданието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.