Официјалното радио на фудбалскиот клуб Наполи, „Радио Марте“, доцна синоќа соопшти дека Наполи постигнал договор со Челси за продажба на Кавани. Клубот ќе добие околу 58 милиони евра, а уругвајскиот напаѓач ќе има плата од 8,5 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Нема официјална потврда за оваа информација од раководните луѓе на италијанскиот или англискиот тим, а „Радио Марте“ го контактираше менаџерот Клаудио Анилечи на фудбалерот кој изјавил дека сѐ уште ништо не е готово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


