| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна бура во Москва: За 24 часа наврнала неверојатна количина снег, срушен рекорд стар половина век (фото галерија)

Иако руските комунални служби важат за најдобрите и најефикасните за справување со снегот, оваа година ниту тие не можеле да се справат со снежната бура која ја зафати Москва деновиве. Главниот град на Русија веќе втор ден е на удар на силна снежна бура која локалните медиуми ја нарекуваат „бура на векот“.

Во Москва во текот на вчерашниот ден наврнала рекордна количина на снег, а врнежи се очекуваат и во текот на следните неколку дена.

Најмалку едно лице загина, а петмина се повредени, за време на најголемите снежни врнежи во Москва во повеќе од 60 години, пренесе Си-ен-ен.

Повеќе од 850 летови се или откажани или одложени, според локалните медиуми. Министерството за вонредни состојби потврди дека 2.000 дрва паднале преку ноќта во рускиот главен град, 100 од нив паднале врз автомобили.

Снегот годинава го надмина московскиот рекорд поставен во 1957 година, велат властите.

–  Едно лице загина поради дрвото што паднало и го погодило електричниот кабел, градоначалникот на Москва Серџи Собјанин напиша на Твитер. „Според најновите податоци, има пет жртви. Бидете внимателни“.

Собјанин, исто така, рече дека децата не треба да одат на училиште поради тешките временски услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top