| четврток, 6 декември 2018 |

Се сеќавате ли на Бранко Коцкица? Вучиќ му ја дал идејата за познатата изрека „Тата-та-тира“

Актерот Бранко Миличевиќ, познат како Бранко Коцкица ексклузивно за еден српски медиум откри дека познатата изрека „Тата-та-тира“ настанала благодарение на Александар Вучиќ.

Актерот сочија емисија многу генерации израснаа, вели дека со месеци се мачел да смисли нешто препознатливо се додека во текот на снимањето во една градинка не го сретнал малиот Алек.

–Кога во ноември 1974 година почна емисијата, „Тата-та-тира“ не постоеше. по неколку месеци го запознав малиот Александар Вучиќ. Тој ми пријде и ме праша зошто немаме некоја изрека која ќе биде заштитен знак на емисијата „Коцкица“. Му реков дека и мене ми изгледа дена такво нешто недостига, но немам доволно добра идеја и го прашав дали може да ми помогне. Ме замоли да почекам два, најмногу два и пол часа и ми вети дека емисијата ќе добие свој заштитен знак, раскажува Коцкица.

– По два и пол часа се појави и само ми рече „Тата-та-тира“. Бев воодушевен кога го слушнав тоа. Вучиќ ме замоли да не раскажувам дека тој го смислил тоа. рече дека тоа го направил за идните генерации кои ќе ја гледаат емисијата и дека тоа му е најважно. Ми раскажа дека за разлика од останатите деца од градинката, не спиел цело попладне туку вредно работел на слоганот на емисијата, истакна Миличевиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top