| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Банда терористи го претепаа Ѓуриќ, а меѓу нив и двајца Срби!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција по вонредната седница на Советот за национална безбедност го оцени апсењето на Ѓуриќ како брутална провокација, чин на безумие и најтежок криминален акт кој приштинските власти го спровеле во Косово и Метохија.

Србија, следејќи ги процедурите, ги известила надлежните институции за посетата на Ѓуриќ и на Никола Селаковиќ.

– Не им бараме дозвола, туку ги известуваме – вели Вучиќ за процедурата.

Баџет Пацоли вечерва пак соопшти дека Ѓуриќ е непосакувана личност во Косовска Митровица и општо во Косово, бидејќи предизвикува омраза.

– Имавме информации дека терористи во униформи со поддршка од ЕУЛЕКС може да го заземат северот на Косово. Фрлаа шок-бомби, упаднаа и го уапсија Ѓуриќ иако три пати известил за доаѓањето. Не им се допаѓа што тој мисли за нивната терористичка држава. Го тепале пред сите, а меѓу нив имаше и двајца Срби. Сите снимки ќе ги прикажеме во јавност, за да се види за какво брутално тепање се работи. Тоа дури и го изведоа на улица во Приштина, само за да го понижат, но се понижија самите, несвесни колку бедно изгледаат. Но, Марко ќе преживее. Преживеал тој и полошо, а ние нема лесно да преминеме преку ова. Сите кои учествуваа, ќе одговараат пред законот – рече Вучиќ.

Тој соопштува дека Ѓуриќ е на пат кон Белград и дека ќе биде примен во некоја од медицинските установи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top