
Македонската колонија во таборот на првакот на Хрватска, Ријека од следната сезона ќе биде побројна за уште еден нов член. Порталот Gol.mk дознава дека сите детали околу трансферот на Дарко Велковски на „Рујевица“ се договорени и централниот дефанзивец на Вардар ќе им се приклучи на Милан Ристовски и Леонард Жута.
Ријека со месеци го следи Велковски и одаамна ги оствари првите контакти. Во меѓувреме договор е постигнат меѓу сите потребни страни и недостига само официјализација дека од следната сезона македонскиот репрезентативец ќе настапува за Ријека.
22-годишниот Велковски се прослави во Работнички, премина во Вардар, се стабилизира играјќи во срцето на одбраната, настапи и за младата репрезентација на Европското првенство во Полска. Денес Велковски е редовно повикуван и во сениорската репрезентација на Игор Ангеловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


