Репрезентативецот Дарко Велковски верува дека Шпанија е можеби најкомплетната репрезентација на светот, но додаде дека македонските репрезентативци треба да играат фудбал затоа што само така ќе докажат дека можат да бидат вистински и на зелениот терен.
Мораме да размислуваме за себе, да бидеме вистински тим на теренот и повторно да докажеме дека можеме да се носиме со најдобрите како што тоа го правеше екипата против Италија. Тие се можеби најкомплетната репрезентација во светот, за сите е тешко кога играат против нив, но битно за нас е што покажуваме страст кон работата и што владее одлична атмосфера. Ќе се бориме. Кај нас помладите во репрезентацијата се чувствува позитивна нервоза, но добро работиме на подготовките, физички и ментално сме спремни, изјави Дарко Велковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.