Репрезентативците на Македонија до 21 година, стоперот Дарко Велковски и голманот Дамјан Шишковски ќе се стават на располагање на најдобриот наш национален тим за натпреварот со Израел на 6. октомври во Скопје, информираа денеска од стручниот штаб на А селекцијата.
Игор Ангеловски и Благоја Милевски, селекторите на Македонија во заеднички договор се согласија дека двајцата фудбалери можат да помогнат доколку е потребно за натпреварот кој го играме на домашен терен против Израелците…
– Ова е уште една потврда за нашата добра соработка. Се согласивме дека доколку има потреба Велковски и Шишковски можат да помогнат и да бидат во комбинација за настап за А репрезентацијата. По завршувањето на натпреварот со Израел двајцата повторно ќе бидат во селекцијата до 21 година – вели селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски.
Влетувањето на Дарко Велковски во сениорскиот тим доаѓа и поради повредата на Ванче Шиков и неизвесноста дали ќе може да настапи на натпреварот со Израелците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.