За сообраќајната несреќа што се случи вчера Владата најавува дека МВР и сите останати надлежни институции детално ќе го истражат случајот и сите наоди веднаш ќе бидат соопштени.
Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата вели дека секој мора да ја понесе одговорноста според законот за она што го сторил независно од неговата функција.
-Лице кое го довело во опасност животот на друго лице и сторило ваков прекршок не може да раководи со институција и да извршува јавна функција – изјави Бошњаковски, пренесувајќи го ставот на Владата.
Вчера околу 19 часот во скопската населба Кисела Вода директорот на МНТ Д.С. (54) предизвика сообраќајна несреќа удирајќи со неговото возило БМВ во Е.С., девојка на 27 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.