Со кратка порака на Фејсбук се јави ослободениот Игор Дурловски кој повеќе од 45 дена беше во притвор како осомничен за настаните од 27 април.
Оперскиот пејач заедно со 35 други граѓани беше во притвор како осомничен за терористички дела против државата, а беше ослободен откако јавното обвинителство под притисок на јавноста се премисли и побара тој да биде пуштен во домашен притвор.
“Дома”, напиша ноќеска Дурловски на својот профил на кој сподели истоимена класична нумера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.