
Зоран Марјановиќ кој се наоѓа во притвор поради сомневање дека ја убил својата сопруга, пејачката Јелена Марјановиќ, е под се поголем притисок поради фактот дека против него наскоро ќе биде подигнато обвинение и дека му се заканува доживотен затвор.
Марјановиќ, во последно време, за разлика од почетокот од престојот во Централниот затвор, е нервозен и напнат. Кога е сослушана и неговата снаа и кога стана извесно дека наскоро ќе биде подигнато обвинение, на цимерите со кои ја дели ќелијата, неодамна им рекол дека тој не е убиецот, но дека знае кој е.

-Зоран долго време беше мирен и прибран. Главно зборуваше за тоа како му недостига ќерката Јана, а често ја спомнуваше и новата девојка. меѓутоа последниве денови се чувствува промена во неговото однесување, веројатно бидејќи е свесен дека се ближи денот на одлука за неговата судбина. Еден ден одеднаш почна да зборува за Јелена. Почна да вика дека тој не ја убил, но дека знае кој ја убил. Се одѕвонуваше во ќелијата. Викаше дека веќе нема да молчи и дека се ќе открие – тврди извор од затворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


