| четврток, 6 декември 2018 |

Зоране, ти реков дека ќе успееме: Шокантен пресврт, Марјановиќ излезе од затвор!

Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ, вчера излезе од притвор во кој беше од 15 септември минатата година.

Зоран просториите на затворот ги напушти во 16.50 часот, а го пречека адвокатот Стефан Јокиќ.

Марјановиќ изгледа значително поинаку отколку јавноста што го памети пред да оди во притвор.

Имено, тој е избричен и речиси ќелав, но со насмевка го напушти притворот.

-Апелациониот суд ја усвои жалбата на бранителите на Марјановиќ и го преиначи решението на Вишиот суд со кој притворот му беше продолжен на 25 јуни – рече протпаролот на судот Мирјана Пиљиќ.

Адвокатот Зоран Марјановиќ за српски Курир изјави дека семејството нема да се огласува во медиумите во овој период.

-Зоран и семејството Марјановиќ до завршувањето на постапката нема јавно да се изјаснуваат по повод постапката. Затоа ги молиме претставниците на медиумите да ја почитуваат нивната приватност и за сите информации за предметот да се обратат до нивните адвокати- се наведува во соопштението.

Марјановиќ во притвор беше од 15 септември минатата година. Вишото јавно обвинителство во Белград инаку по дополнението на истрагата, покрена ново обвинение против Зоран Марјановиќ со кое го товари за свирепо убиство на сопругата Јелена на насипот во Борча на 2. април 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top