| четврток, 6 декември 2018 |

Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?

Полицијата почнала со приведување и испрашување на лица од криминогената средина за кои постои сомнеж дека имаат врска со грабнувањето на Милослав Радисављевиќ(85), дедо на Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ.

Се верува дека старецот го грабнале и барале откуп од 2 милиона евра, некој од криминалците од соседството.

-Точно е дека имало приведување и дека некои лица се испитани на полиграф, но засега го минале тестот. Има сомнеж дека киднаперите се блиски на Радисављевиќ или барем имале помош од некој нему близок, бидејќи знаеле дека човекот живее сам, каде се наоѓа, какви му се навиките, а и пченките каде што го однеле говори дека добро го познавале теренот- вели за српски Телеграф, извор од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top