Карлеуша открива дека не се плаши дека нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ ќе ја изневери и замени со некоја помлада и позгодна девојка и признава дека попрво таа тоа би го направила.
Атрактивната пејачка не се плаши од годините и вели дека и за 1,5 деценија, кога ќе има 55 години, ќе изгледа еднакво добро како и сега.
-За 15 години се гледам себе како атрактивна жена. Претоставувам дека медицината, технологијата и универзумот ќе направат се жените да престанат да стареат и сите засекогаш да изгледаме младо- вели Карлеуша.
На прашање дали се плаши дека Душко, ако го фати кризата на средни години ќе ја замени со помлада жена, Јелена како од топ одговорила дека тоа не е можно.
-Па кој вели дека тој мене ќе ме замени? Постои криза на средни години кај мажите, ама и кај жените. Што ако мене е фати? Ќе го заменам јас него! Зошто мажите можат да најдат помлади девојки, а жените не можат да најдат помлади мажи? Тоа е сексизам! Се разбира дека се плашам од тоа, ама се плаши Дарко. Се додека се плашиме заедно, значи дека постојат љубов и емоции. Се чуваме, така што не сме нон стоп заедно, па се ужелуваме еден за друг – рекла Јелена и додала дека сексот како неверство е евтина работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.