На Конкурсот објавен на ден 22.11.2017 година, пристигнаа вкупно 73 филмски проекти, меѓу кои 48 долгометражни и 25 краткометражни филмови. При процесот на административна селекција е констатирано дека 12 проекти по различни основи не ги исполнуваат условите за да влезат во процесот на евалуација, соопштуваат од Агенцијата за филм.
Го пренесуваме нивното соопштение:
Останатите проекти се евалуирани низ процесот пропишан со Правилникот за поблиските критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност (Сл.весник на РМ, бр.97 од 26.06.2014г.) и врз основа на бодувањето односно освојувањето на минимумот пред професионалните рецензенти не поминаа 26 апликации, вклучувајќи долгометражни и краткометражни играни, документарни и анимирани филмови.
Останатите го поминаа целиот процес на проценка, и од нив со крајна Одлука од Управниот Одбор се одобрени и ќе ја добијат поддршката од Агенцијата 3 долгометражни играни филмови, 5 долгометражни копродукциски проекти со македонски малцински удел, 2 документарни долгометражни филмови, 5 краткометражни играни филмови, и по 1 краткометражен документарен и анимиран филм.
Со задоволство можеме да констатираме дека најавените засилени критериуми според кои ќе се оценуваат филмските проекти, а во насока на подобрување на квалитетот и успехот на македонската кинематографија, меѓу авторите и продуцентите се забележува продуктивен креативен потенцијал, доминираат современи теми кои можат да бидат препознатливи и допадливи и на домашната и на светската публика. Нагласените историски и локални теми кои го забавија развојот на нашата кинематографија, овој пат не беа премногу застапени и евидентно авторите секој според својот афинитет и сензибилитет, слободно се изразува и осмислува сценарија што можат да комуницираат со европската и светската публика.
Секако дека меѓу проектите што отпаднаа бездруго има такви кои ја заслужуваат шансата да снимаат, но овој пат, и во рамките на буџетот го одобривме максимумот. Веќе до крајот на месецов ќе биде отворен следниот конкурс на кој ги очекуваме и овие кои ќе ја пробаат новата можност но и се разбира и други автори и продукции.
Потенцираме дека меѓу насловите што ја добија нашата поддршка има веќе проверени режисерски и продуцентски имиња но и дебитанти што се позитивно изненадување за македонската кинематографија.
Насловите на филмските проекти кои се поддржани со Одлука на Управен Одбор бр.02-145/3 од 24.01.2018г. можете да ги најдете на следниот линк од нашата официјална страницаhttp://www.filmfund.gov.mk/Programmes/Projects-approved-at-the-2017-Call-for-Funding-the-production-of-feature-films-documentary-films-short-and-animation-films/?lang=mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Младите синеасти во фокусот на Европската програма Less is more (LIM)
-
На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање
-
Агенцијата за филм потпиша меморандум за соработка со Друштвото на филмски работници
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка