| четврток, 6 декември 2018 |

На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање

На 25. јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија што ќе се одржи од 12-16 септември, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13-17 септември ќе учествуваат на настанот MatchBox Coproduction Lounge.

На фестивалот ќе биде прикажан македонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули, а на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање (филмски локации) и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услугу и филмски сервис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top