Горјан Тозија, директор на Агенција за филм и Масимилијано Нардули, денеска ја претставија соработката меѓу Агенцијата за филм Р.М. и програмата „Les is more“.
-Ова што сега го претставуваме е нешто што се подготвува за следното издание на Фестивалот, јубилејното, четириестто издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Оваа програма навистина како да е креирана за Македонија. Главното мото на програмата е „Les is more“ и со неа фокусот се младите синеасти и оние кои имаат до три филмови. Филмска вештина е со помалку пари да се добие подобар филм, а нас тоа ни е потребно. Ако некому му дадете многу пари, тоа не е гаранција дека тој ќе направи добар филм, напротив нашите искуства покажуваат дека поголем успех кај нас имале филмовите кои биле направени со помали буџети. Буџетот ќе се определува од самата идеја, спецификата на пишување на сценарија, оригинални, особено инвентивни, со посовремени теми што ќе придонесе за појава на нов бран во македонската кинематографија, а што е и наша стратешка определба, истакна Тозија.
Тој посочи дека и ДФРМ треба да се насочи кон повеќе соработки со странство.
Масимилијано Нардули претставник на Европската програма „Less is more“ (LIM) наменета за филмови со ограничен буџет, на која може да конкурираат филмски автори кои претходно имале еден или најмногу три играни филмови, презентирајќи ја програмата рече дека Македонија има многу таленти и ќе има своја улога во европската кинематографија.
-Вашата земја е е полна со приказни и е голем резервоар на таленти. Фокусот на оваа програма е сценариото и се работи на проекти со мали буџети за да им се овозможи покреативен пристап, но и заради тоа што независните филмови се загрозени од големите продукции, рече Нардули
Тој истакна дека е горд што Македонија е прва земја од Балканот што се придружува на овој проект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На фестивалот во Олденбург, Агенцијата за филм ќе ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање
-
Агенцијата за филм потпиша меморандум за соработка со Друштвото на филмски работници
-
Агенцијата за филм во Кан потпиша неколку договори за регионална и европска соработка
-
Агенција за филм на 71. издание на Канскиот филмски фестивал