Научниците од Универзитетот „Стенфорд“ развија систем кој може да предвиди кое пациентите ќе починат. Алгоритмот ја предвидува смртноста на секој пациент во текот на 12 месеци, а тие предвидувања се користат за да се даде препорака поради стареењето на пациентите.
Ви изгледа застрашувачки?
Што навистина се случува во мозокот по смртта и како свеста продолжува да функционира?
Па, научниците трдат дека нивната работа значително би можела да помогне на пациентот и неговото семејство, пишува „Дејли мејл“. Тие објаснуваат дека постои огромна разлика помеѓу начинот на кој пациентите сакаат да го проживеат остатокот од животот и начинот на кој стварно се случува.
Истражувањата покажуваа дека 80 отсто од Американците сакаат последните денови да ги имат дома, но дека 60 отсто, на крајот умираат во болница.
За да се намали ова диспропорција, научниците земале податоци од два милиони пациенти од архивата на болницата „Стенфорд“, како и детската болница „Лусил Пикар“ и врз основа на нив изградиле предвидлив модел кој може да укаже на тоа колку кој ќе живее.
Дали би сакале да го дознаете вашиот датум?
извор: Кумановски муабети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.