| четврток, 6 декември 2018 |

Сомнителна смрт во апартман во Грција: Бугарката Лилиа која семејството ја барало пола година, пронајдена мртва на новогодишната ноќ

23-годишната Бугарка, Лилиа Ботушева, која нејзиното семејство ја пријавило како исчезната уште во јуни, била пронајдена мртва заедно со 30-годишен Германец во изнајмена соба во селото Влахата на островот Кефалонија. Телата биле пронајдени на новогодишната ноќ од страна на сопственикот на имотот, каде што, наводно, престојувале од 26 декември.

На местото биле пронајдени ножеви, свеќи и сатански пентаграм, што ја навело полицијата да верува дека двојката можеби учествувала во сатански ритуал, но за сега, како што изјавиле од полицијата, сите варијатни се отворени.

Во извештајот се вели дека жената имала повеќе расекотини, а мажот бил прободен во срцето.

Ботушева била пријавена како исчезната од нејзиното семејство во јуни, но потрагата била прекината кога таа ги контактирала властите за да ги информира дека е во Ерфурт, Германија.

Двојката отпатувала во Грција во автомобил со лажни таблички што мажот го изнајмил во Германија.

Семејството на Лилија и пријателите очајнички трагале по неа во текот на минатите неколку месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top