Ја тепаа Словенија (трета на СП 2017), па Црна Гора и одиграа реми со Германија (Европски првак 2016). Потоа загубија два меча. Од каде толку гнев и небирање погрдни зборови против момците кои час ги сметате за херои, час за идиоти? Се прашува и еден поранешен фудбалски репрезентативец. Десет години играат или на Светско или на Европско првенство. Во ниту еден спорт немаме таков континуитет. Додека секој декември и јануари сите останати ракометари одмараат овие дечки одат на подготовки и се подготвуваат за Светско или Европско.
Десет години овие момци не биле дома на бадник и божиќ со своите фамилии затоа што се подготвувале за достојно да ја престават Македонија. Во нашава држава имаме две спортски сали и еден и пол клуб професионален. И во најлош случај пак ќе бидат деветти во европа.
И пак плукање и правење паметен од луѓе што не знаат дали топката е округла или коцка. Не за џабе имаме проблем и со името и со јазикот. Такви сме, клети и неблагодарни. И сè што ни се случува можеби и го заслужуваме.
П.С. Како Кире Лазаров спортист ниту сме имале ниту ќе имаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.