| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја затвори болницата „Санте плус“

Државниот санитарен и здравствен инспекторат донел решение за забрана за работа на ПЗУ „Свети Лазар“ (Моја болница – Санте плус), соопштија од Министерството за здравство.

„На ден 23.01.2018 год. (вторник) од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Свети Лазар (Моја Болница-Санте плус),
во однос на почитување на законската регулатива, при што се констатирани недостатоци, заради што од страна на ДСЗИ, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци“ се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Медиумите објавија за смртта на родилката, 31 годишната Дебора Џамбази која починала при породување со царски рез. Младата жена, познат стоматолог од Кичево на која ова и било прво породување бидејќи се лекувала од стерилитет, отишла да се породи во приватната болница Санте Плус (каде што не била лекувана или следена претходно)и при вовед на целосна во анстезија со царски рез при ставање на тубусот и се зaтвориле дишните патишта при што не можела да дише.

Лекарите кои ја породувале направиле се за да ја спасат, час и половина се обидувале да ја вратат во живот и да ги ослободат дишните патишта. Младата жена добила застој на срцевата работа при што бил употребен и дефибрилатор. По половина час борба за да се спаси животот на жената лекарите го извадиле бебето кое исто така останало без кислород. По обидот за реанимација на тимот од Санте Плус, младата родила со возило била однесена на КАРИЛ. Раководството на болницата тврди дека жената не починала во „Санте Плус“, туку во КАРИЛ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top