| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар пред тешка мисија – Стеауа, Плзен, Марибор, Шериф и Нефчи, можни противници во квалификациите за ЛШ

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го очекува противникот во второто квалификациско коло, на извлекувањето во Нион, денеска од 12 часот. Познати се и можните противници на „црвено-црните“, во новиот обид да се направи чекор и конечно да се игра во елитното натпреварување. Мисијата е тешка, а ривали во втората рунда од квалификациите со која Вардар ќе ја почне новата евроавантура се Стеауа од Романија, каде што игра нашиот репрезентативец Даниел Георгиевски, чешкиот шампион Викторија Плзен, молдавскиот првак Шериф Тираспол, словенечки Марибор, во чии редови настапува Агим Ибраими и азербејџанскиот шампион Нефчи, предводен од  поранешниот македонски репрезентативец Игор Митрески.

Денеска, своите противници во квалификациите за Лигата на Европа ги очекуваат и екипите на Металург,  Турново и Тетекс. Трите наши екипи сезонава стартуваат од второто квалификациско коло. Ждрепката за 1. квалификациско коло за Лигата на Европа е од 13 часот во Нион, а час и половина подоцна ќе биде извлекувањето и за втората филтер рунда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top