| четврток, 6 декември 2018 |

„Мазев денес“-затворање на изложбата на Мазев со стручно водење на професор Џепаровски

По повод затворањето на изложбата  „Петар Мазев 90 години од раѓање“ која привлече огромно внимание, постигна несекојдневен публицитет и рекордна посетеност, Националната галерија на Македонија организира стручно водење низ изложбата, насловено “Мазев денес“.

Еден од нашите најеминентни филозофи и естетичари Проф. Д-р Иван Џепаровски ќе одржи предавање во амбиентално опкружување од сликите на Петар Мазев, ќе зборува за специфичните аспекти на ова сликарство кое го одбележа крајот на XX век на нашите простори, за вулканската енергија, жестокиот колорит и нескротливиот дух на овој великан на македонската модерна.

Одлична можност да слушнеме едно ново исчитување кое тргнува од лични импресии, за потоа да не запознае со новите теории и гледања на овие слики низ различни призми и пристапи.

Оваа тура ќе се одржи на 25.01.2018 година (четврток), со почеток во 12 часот, во објектот Даут пашин амам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top