Музејот на модерна уметност (MoMA) во Њујорк во јули ја отвора изложбата Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia, 1948–1980, која се однесува на архитектурата во поранешна Југославија која што ја одликуваат бетонски и бруталистички градби. Ова е прва голема презентација на работата развиена во 45-те заеднички години на поранешната држава, и ќе се одржи во еден од најдобрите и најпознатите светски музеи на современа уметност.
Футуристични и експресионистички градби, импресивни бетонски структури и смели визии во урбаното планирање биле креирани во комунистикичкото доба во Југославија, а ќе бидат предмет на големата изложба со преку 400 цртежи, скици, модели, фотографии и видеа на најимпресивните архитектонски дела планирани и изградени во периодот од 1948 до 1980 година.
Едно од централните проекти е амбициозната визија на македонскиот архитект Јанко Константинов за Телекомуникацискиот центар во Скопје, односно главната пошта сместена во центарот на Скопје.
извор: stylist.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.