За две три недели и претседателот Иванов ќе биде казнет за неспроведување на Законот за употреба на јазиците, изјави во емисија на ТВ Алсат пратеникот на ДУИ Џеват Адеми.
Тој зборуваше употребата на албанскиот јазик по донесувањето на Законот за употреба на јазиците.
– За официјалниот статус на албанскиот јазик не се грижи носителот на институцијата, туку самата институција. Овој Иванов, кој одби да го потпише указот за законот за албански јазик, ќе биде казнет за неупотреба на албанскиот јазик и тоа за две три недели. Досега немало казнени одредби. Соочувајќи се со неспроведувањето на законските одредби ние воведовме казнени одредби. Не е популарна мерка во законот да воведеш казнени одредби. Се согласувам со тоа како еден од авторите на законот. Не го направивме тоа толку лесно, но во Македонија имаме појава на неспроведување на законите. Бидејќи законот за албански јазик за нас е важен, ние сме предвиделе и казнени мерки. Ќе ги удриме по џеб, еднаш, два пати, три пати и ќе видите. Законот за јазиците, спроведувањето на законот за албански јазик во пракса е клучот за преживувањето на оваа Влада, рече Адеми.
Инаку, Џеват Адеми кој се заканува со казни за непочитување на законот за јазиците во Македонија, веќе неколку години се се наоѓа на црната листа на САД каде има забрана за влез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривична одговорност и драконски казни за Костовски и Џафери, доколку договорот со Грција се објави без потпис на Иванов
-
Заев: Можно е да поднесеме иницијатива пред Уставниот суд за надлежноста на Иванов
-
Македонците во Калгари, Канада протестираат против Законот за јазиците и преговорите за името (видео)
-
Пратениците на СДСМ се договориле да седат дома за да не иритираат