| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците на СДСМ се договориле да седат дома за да не иритираат

Ферид Мухиќ, независниот пратеник во македонското Собрание за „Макфакс“ изјави дека со пратениците се договориле да седат дома и како што вели, да не се движат премногу за да не иритираат. Ова откако вчера беше насилно изгласан Законот за јазици во Парламентот на Македонија.

– Со оглед на тоа што се случи на 27 април, со колегите пратеници се договоривме да седиме дома. Нема да побарам заштита, предраматично е да се размслува и да се зборува за ова. Најлошо е што може да има сериозни елементи, за кои треба да се размисли. Немав заштита изминатата вечер, но се договоривме да не се движиме многу во јавност, за да не иритираме – вели Мухиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top