| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Можно е да поднесеме иницијатива пред Уставниот суд за надлежноста на Иванов

Премиерот Зоран Заев не ја исклучува можноста да поднесат иницијатива до Уставниот суд, за тоа, дали претседателот Ѓорге Иванов го почитувал Уставот при одлуката да не го потпише Законот за јазици.

-Претседателот може кога сака да ја урниса надлежноста на Собранието. Законодавниот дом ќе каже каква одлука ќе донесат. Ова го знам од нашата пратеничка група, бидејќи, може да се случи во следните 30 закони претседателот да одлучи да не ги потпише и повторно да се гласаат. При повторното гласање, Уставот е јасен дека претседателот мора да го потпише законот. Тој може да одлучи да не го потпише, ама тогаш ја блокираме демократијата, вели премиерот Заев.

 

извор: макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top