| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Калгари, Канада протестираат против Законот за јазиците и преговорите за името (видео)

Македонците кои живеат и работат во Калгари, Канада, вчера организираа протест против начиното на донесувањето на Законот за употребата на јазиците во македонското Собрание.

Тие порачаа дека најостро го осудуваат изгласувањето на Законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу албанската заедница и остатокот на македонското општество.

„Исто така, бараме од Македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските човекови права за самоиднетификација и го презира дигнитетот и достоинството на македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето уставно име“, порачаа Македонците од Калгари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top