Норвешка ракометарка Нора Морк ги обвини машките ракометари на Норвешка дека гледале и споделувале нејзини голи фотографии. Ова предизвика голем скандал во Норвешка. Сандер Сагосен ги негираше нејзините тврдења.
„Нора во медиумите нè обвини дека сме гледале нејзини фотографии, дека сме се смееле и сме коментирале во соблекувалната. Тоа дефинитивно не е вистина“, рече Сагосен.
Но, во меѓувреме, експлицитните фотографии на Морк се појавија и на Интернет, па ги објавија и медиумите во Норвешка, со став дека обвинувањата на ракометарката се вистинити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.